Политика на поврат од 30 дена
Имате 30 дена од датумот на приемот на вашата нарачка да ги вратите несаканите или несоодветни производи. Доколку сакате да го направите повратот на производите бесплатно, тоа можете да го направите во нашите продавници.
Производите исто така можете да ги вратите со начин на испорака по ваш избор (оваа опција се спроведува на ваш трошок и одговорност) на адресата:
Беласица 2, Скопје 1000, Северна Македонија
Важно!
Производите кои сакате да ги вратите не смеат да имаат било какви траги на користење и мора да ги имаат сите оригинални ознаки и етикети.
Враќање во продавница
Артиклите можете да ги вратите и во било која продавница на Cropp во Македонија. Земете ги производите кои сакате да ги вратите заедно со фактурата (може да ја најдете на вашиот кориснички профил -> Мои нарачки > кликнете на соодветната нарачка > одете на Прошири ги деталите > кликнете на Фактура за да ја превземете) и одете на една од касите за да го направите повратот. Нема потреба да ја носите со себе оригиналната кутија во која била испратена вашата нарачка.
Локацијата на најблиската продавница може да ја проверите ОВДЕ.
По прифаќање на повратот, средствата ќе бидат вратени на Вашата банкарска сметка во рок 14 работни дена.
Ве потсетуваме дека за online нарачки не е можно рефундирање на средствата во кеш.